ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Силекс сигурен против Охрид, Воска Спорт го „тресна“ Вардар

Силекс со убедливи 3:0 го доби Охрид и останува и понатаму непоразен лидер на табелата во Западот. Антонио Каланоски беше двое стрелец во 9. и 71. минута, а во листата на стрелци се запиша и Ѓорѓи Танушев.

Воска Спорт со 2:1 го доби дербито со Вардар за второто место на табелата. Охриѓани забележаа многу значаен триумф над директниот конкурент за местата во Првата лига. Избраниците на Цицмиловиќ до триумфот стигнаа преку капитенот Изаир Емини кој стрелаше во 3. минута и Елмир Алији кој погоди во 43. минута. Во финишот од мечот Љупчо Трпески си постигна автогол за конечните 2:1.

Воска Спорт – Вардар

Тетекс го доби Кадино со минимални 0:1 на гостиски терен. Стрелец на единствениот погодок беше Дамјан Масевски во 10. минута од мечот.

Кадино – Тетекс

Беса и Гостивар го поделија „пленот“ откако одиграа 1:1. За домашните стрелаше Егзон Азири во 9. минута од натпреварот, а конечните 1:1 ги постави Артан Велиу пет минути пред крајот на натпреварот.

Велешта и Кораби ремизираа играјќи 2:2. Гостите од Дебар имаа водство од 0:2 со погодоците на Берат Исмаили во првиот дел и Ујкан Муча кој постигна гол во 54. минута за 0:2. Шест минути подоцна Арбен Тафа намали на 1:2, а во 72. минута капитенот Нијас Лена повторно обезбеди бод за Велешта откако погоди за 2:2.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!