ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Силекс ремизираше против Детонит Плачковица на пријателски натпревар

Прволигашот Силекс вчера го одигра последниот контролен натпревар пред стартот на новата сезона од Првата македонска фудбалска лига против амбициозниот второлигаш Детонит Плачковица од Радовиш, меч кој заврши без победник со по еден гол во мрежата (1:1).

Радовишани први дојдоа до водство со голот на Дарко Алексовски кој постигна атрактивен гол од далечина. Резултат на полувреме беше 0:1 за Детонит Плачковица.

Во вториот дел тренерот на кратовци Горазд Михајлов направи неколку измени пред статот на вториот дел и тоа вроди со плод, откако по нафрлена топка од корнер Арсим Љамалари постигна гол со глава за конечни 1:1.

Силекс новата сезона од ПМФЛ ја отвара против Работнички на домашен терен, додека пак Детонит Плачковица новата сезона од ВМФЛ ја отвара против Беласица на домашен терен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!