ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Силекс пак киксна и никако да победи, Воска Спорт минимално славеше во градското дерби против Охрид

Силекс во пролетната полусезона никако да победа, откако непоразениот лидер во Втора лига – Запад ремизираше на гостување кај Беса играјќи 0:0 во рамки на 17. коло.

Велешта триумфираше над Кадино со 2:0 со погодоците на Илирид Насуфи и Агон Хајредини кои беа постигнати во вториот дел од натпреварот.

Воска Спорт го доби градското дерби со Охрид Лихнидост (1:0) на „Билјанини Извори“. Амбициозниот второлигаш предводен од Раде Цицмиловиќ до триумф дојде со погодокот на Изаир Емини постигнат во последните секунди од мечот постигнат од пенал.

Вардар конечно ги израдува навивачките и верните „Комити“ откако на домашен терен триумфираше над Тетекс со сигурни 2:0. Дејан Блажевски стрелаше за 1:0 во судиското надополнување на првиот дел, а пак Дарко Глишиќ во судиското надополнување во второто полувреме постигна погодок за конечни 2:0 и вредни три бодови во битката за експресен кам-бек во Прва лига.

Кораби дома беше убедливи поразен од Гостивар кој триумфираше со сигурни 1:3. Гостите преку Ајрадин Цуцули уште во 9. минута од мечот дојдоа први до водство. Пред крајот на првиот дел Фатјон Леши погоди за 1:1 на полувреме. Во финишот од мечот Хусеин Демири и Артан Велиу ставија точка на мечот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!