ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Силекс ја среди Воска и нижи само победи, Велешта херојски го потопи Вардар

Силекс останува осамен на врвот од Втората лига – Запад, откако денес во Кратово запиша нова голема и значајна победа на Воска Спорт (2:0). Антонио Каланоски по само 15 минути игра погоди за водство на Силекс од 1:0. Конечните 2:0 ги постави Ѓорги Танушев во последните секунди од натпреварот во Кратово.

Велешта на домашен терен забележа херојска победа и го сруши Вардар со 2:1. Најтрофејниот македонскиот клуб дојде прв до водство со гол на младиот Иван Николов во 37. минута. Во вториот дел Велешта заигра подобро и за брзо успеа да го сврте резултатот во своја полза. Во 54. минута Мирлинд Даути ја стресе мрежата на Вардар со 1:1, а осум минути подоцна Илиќ капитулираше по втор пат, откако искусниот Нијас Лена со атрактивна „паненка“ од белата точка успешно погоди за водство на Велешта.

Охрид на домашен терен загуби од Тетекс со минимални 0:1. „Штофарите“ дома си одат со полн плен, погодокот го постигна Нинослав Здравковски во 38. минута од натпреварот.

Кораб во Гостивар забележа триумф од 1:2 над Беса. Гостите од Дебар први го отворија резултатот, откако Целески ја погоди мрежата на Незири за водство од 0:1. По само шест минути игра Аљтин Лога ја смеси топката во мрежата на Опре за 1:1 на полувреме. Конечните 1:2 ги постави Фатмир Ариф.

Кадино и Гостивар ремизираа без голови играјќи 0:0.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!