ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Силекс ги започна подготовки во Анталија, првата контролка во недела

Фудбалерите на Силекс ги започнаа подготовките во Анталија, откако екипата вчера пристигна на турско тло. Есенскиот шампион во Втората лига – Запад и најсериозен кандидат за враќање во Прва лига максимално се подготвува, а веќе в недела следува и првиот тест против Металац од Србија. Овој натпревар ќе има и директен пренос на „Арена Спорт“ каналите.

До крајот на подготовки Силекс покрај мечот со српската екипа ќе одигра уште неколку контролки. На 1. февруари следува тест со Торпедо Москва од Русија, два дена подоцна со бугарска Монтана, на 6. февруари тест со Мариупул од Украина и на крај ќе следува контролен натпревар со Рапид Виена од Австрија (8. февруари) со што Силекс ќе се одјави од Анталија и ќе се врати во Македонија.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ АПАРТМАНИ НА КОТВА.МК <<<

Силекс пролетната полусезона ја отвара на домашен терен против Гостивар на 19. февруари.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ НА КОТВА.МК <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!