ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ФОТО: Силекс ги промовираше Цветаноски, Коцев и Петкоски

Второлигашот Силекс за пролетниот дел од Втората лига – Запад промовираше три нови засилувања. Нови играчи на екипата од Кратово се Дејан Цветаноски, Роберт Коцев и Андреј Петкоски.
>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<
Радовишанецот Роберт Коцев во Кратово доаѓа од редовите на прволигашот Тиквеш, а во својата кариера 27-годишникот има настапувано и за радовишка Плачковица и Борец.
23-годишниот Петкоски доаѓа од Редовите на прилепска Победа, а во својата кариера има настапувано и за Пелистер, Плачковица и Победа од Валандово.
Искусниот напаѓач Цветаноски доаѓа од редовите на прволигашт Струга Трим Лум, а во својата кариера има настапувано за Ренова, Победа од Прилеп и Пелистер.