ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Шкупи се засили со Ангелче Тимовски

Шампионот на Македонија, Шкупи продолжува со летните засилувања. Денес на Чаир беше промовиран Ангелче Тимовски од Шкендија како ново засилување на десната бековска позиција.

Екс младинскиот репрезентативец на Македонија, покрај за Шкендија има настапувано и за Силекс, прилепска Победа, Ботев Враца од Бугарија и Силекс.

27-годишниот Тимовски патува кон Истанбул каде ќе му се приклучи на тимот на подготовките.

Шкупи е на подготовки во Турција, а во првото квалификациско коло за Лигата на шампиони ќе игра против шампионот на Гибралтар, тимот на Линколн.

Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!