
Екипата на Шкупи е новиот шампион во Првата футсал лига на Македонија – а вечерва во Тетово со убедлив триумф од 0:4 над Шкендија беше потврдена успешната сезона.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Шкупи во овие 18 одиграни кола забележа 17 победи и само еден пораз, со вкупно 51 бод ја заврши сезоната на врвот од табелата. Новиот шампион постигна 112 погодоци, а прими 37 во текот на целата сезона.
Шкупи како нов футсал шампион на Македонија обезбеди излез во Европа.
Ланскиот шампион Проект од Валандово заврши на второто место на табелата, а пак Арбен Бајрами е трет. Шкендија сезоната ја заврши на дното од табелата, додека пак Велес беше претпоследен и овие две екипи се селат во Втората футсал лига на Македонија.
Еден Коментар