ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Шкендија „летна“ на подготовки за Анталија

Актуелниот првак Шкендија утрово замина на подготовките во Анталија, каде на турско тло ќе ја одработи главната фаза од зимските подготовки за продолжението од Првата македонска фудбалска лига.

Екипата предводена од Бруно Акраповиќ ќе ја чека тешка борба во битката за одбрана на домашната титула, а најсериозен конкурент е есенскиот првак Шкупи.

Во Шекендија до сега пристигнаа Ферхан Хасани, Михаил Маневски, Клисман Цаке и Андре Менсалао како нови засилувања, а од Шкендија најавуваат дека ќе има уште неколку засилувања.

Шкендија есенската полусезона ја заврши на третото место на табелата со 34 бодови, еден помалку од Академија Пандев која е втора и 8 помалку од лидерот Шкупи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!