Европски ФудбалФудбал

ФОТО: Шампионски амбиции – Лајпциг го купи Андре Силва

Португалецот Андре Силва е нов член на Лајпциг, тоа беше потврдено во петокот.

26-годишниот напаѓач се приклучува во редовите на амбициозната Бундес лига по одличната сезона во Ајнтрахт Франкфурт. Договорот е во должина до летото 2026 година, Ајнтрахт ќе добие 23 милиони евра обештетување.

Силва беше најдобар стрелец на тимот со 28 погодоци на 32 натпревари и беше еден од најзаслужните што Ајнтрахт се бореше за место во Лигата на шампионите до претпоследното коло.

Португалецот ја започна својата кариера во Порто, а потоа играше во Милан, Севилја и Ајнтрахт.

Лајпциг минатата сезона ја заврши на второто место со 13 бода помалку од Баерн.

Силва ќе биде заменет во клубот од Франкфурт со Сантос Боре, кој пристигнува од Ривер Плата како слободен агент. Колумбиецот наскоро ќе потпише четиригодишен договор.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!