ФОТО: Шампионот на ОФЛ Куманово – ФК Младост ги започна припремите за одбрана на титулата

Минатогодишниот Шампион на Општинска фудбалска лига – Куманово екипата на ФК Младост 2015 на големо се спрема за одбрана на титулата.
Во припремниот период ќе направат серија тренинзи и неколку пријателски натпревари. За стартот на сезоната кој е закажан за викендот 10-11 Септември 2022 година се засилија со неколку фудбалери кои се очекува да го одржат шампионскиот интензитет на екипата.


Најголемото засилување се очекува да биде враќањето по неколку сезони на Филип Миленковски-Фици кој со неколку клучни голови го донесе Младост на врвот. Немања Стојковиќ, исто така е големо засилување во средината кој доаѓа од екипата на Куманово и Стефан Стојановски-Коте неуморен играч кој може да претрча и маратон доаѓа да засили неколку позиции во тимот.

Од ФК Младост за Спортска Мрежа велат дека има уште неколку звучни имиња до крајот на преодниот рок и исто така дека костурот на екипата останува ист и се очекува најдобриот стрелец Никица Петрушевски да блесне и оваа сезона со многу голови. Со оваа од Младост велат дека одбраната на титулата е многу веројатна.
