(ФОТО) Се инсталира најсовремен систем за автоматско наводнување на охридскиот стадион „Билјанини Извори“

Покрај изградбата на новата трибина на градскиот стадион во Охрид „Билјанини Извори“, се инсталира и најсовремен систем за автоматско наводнување. Според планираното, ќе бидат поставени 33 прскалки со сонда за наводнување на почвата. Новиот систем ќе придонесе за значително подобрување на квалитетот на фудбалскиот терен и ќе ја намали потрошувачката на вода.
Активностите ги реализира ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Фудбалската федерација на Македонија.

„Со особено задоволство ја известуваме јавностa дека ЈП “Билјанини Извори” и Фудбалката федерација на Република Северна Македонија со нов проект ја продолжуваат започнатата успешна соработка во интерес на Охридскиот фудбал. Со новиот проект ФФМ на фудбалскиот терен на Градскиот стадион “Билјанини Извори” ќе инсталира најсовремен систем за автоматско наводнување. За таа намена до 3 април ќе бидат инсталирани 33 прскалки со сонда за влажност на почвата. Новиот најсовремен систем за наводнување ќе придонесе кон зголемувањето на квалитетот на самиот фудбалски терен и секако ќе придонеси и во насока на намалување на потрошувачката на вода. Поради горенаведеното ЈП “Билјанини Извори” до 3 април го затвора привремено градскиот стадион за сите нејзини фудбалски корисници. ЈП “Билјанини Извори” и се заблагодарува на ФФМ за континуираната поддршка во осовремувањето, реконструирањето и изградбата на градскиот стадион “Билјанини Извори”, велат од ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид.