ФОТО: Сашко Тасев си оди од УО на ФФМ, бидејќи баражот Тиквеш – Воска се премести во Скопје!

Членот на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, Сашко Тасев си заминува откако ФФМ ја смени својата првична одлука баражот за Прва лига меѓу Тиквеш и Воска Спорт да се одигра на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, а не како што првично беше одлучено на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Тиквеш одново реагираше дека по завршувањето на официјалниот состанок во просториите на ФФМ помеѓу двете екипи е пратен допис до МВР односно до двете екипи за одигрување на натпреварот во Прилеп.
„Ова е јасно дека по неколку часа под притисок на ФФМ ја менува одлуката за промена на местото за одигрување на натпреварот“, велат од ГФК Тиквеш.

Тиквеш претходно излезе со соопштение во кое се вели дека тие никако не прифаќаат промена на местото на одигрување на бараж натпреварот со охридскиот второлигаш.