ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Саднеј со два гола ја сруши Академија Пандев, Шкендија со триумф се проби на второто место

Денес со останатите пет натпревари беше комплетирано 19. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Шкендија со триумф од 3:1 над Струга Трим Лум се проби на второто место на табелата и продолжува да го следи чекорот на лидерот Шкупи кој денес славеше над Академија Пандев. Првиот дел во Тетово заврши со водство од 2:0 за Шкендија која преку Дашмир Елези и Синдрит Гури имаше два гола предност на полувреме. На стартот од вториот дел Струга Трим Лум преку Томе Китановски успеа да намали на 2:1 и да се врати во трка барем за бод. Во финишот од натпреварот Ферхан Хасани од пенал ги постави конечните 3:1.

Лидерот на табелата со 2:1 славеше на домашен терен против Академија Пандев. Струмичани први дојдоа до рано водство на Чаир откако Бојан Димоски во 9. минута погоди за водство од 0:1. Адетуњи Саднеј Дамиларе во 21. минута од мечот погоди за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Саднеј со втор гол ја реши Академија Пандев со што трите бодови останаа на Чаир. Претходно, Сенгхор Фаустин заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра.

Скопје и Борец ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. Велешани во Автокоманда први дојдоа до водство со гол пенал, а успешно реализираше капитенот Ѓорѓи Ѓорѓиев во 9. минута од натпреварот. Шест минути подоцна „пиратите“ преку капитенот Христијан Кировски израмнија на 1:1. До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШАТА ВИЛА <<<

Во Ѓорче првиот дел од мечот заврши со мирни мрежи и на двете страни. На стартот од вториот дел гостите од Кавадарци останаа со играч помалку откако Стефан Наумчевски заработи директен црвен картон. Во 70. минута Стефан Лазаревиќ заработи втор жолт картон и ја напушти играта, па силите на теренот беа повторно изедначени. Три минути подоцна „лавовите“ преку капитенот Ермедин Адем дојдоа до водство од 1:0, а тоа беше и конечен резултат.

ФОТО: Спортска Мрежа

Пелистер ниту денес немаше сили да го забележи првиот сезонски триумф во ПМФЛ, откако на „Петар Милошевски“ со 0:2 загуби од Работнички. Стрелец на првиот гол за „романтичарите“ беше Анес Рушевиќ, а вториот гол го постигна Марјан Ристевски.

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!