ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Росоман пушти во продажба полусезонските билети за есенскиот дел од новата сезона

Росоман во новата сезона ќе се натпреварува во Третата лига – Југ, откако минатата сезона во Втората лига – Исток заврши на последното место на табелата. Новата сезона во ТМФЛ – Југ треба да започне на 5 септември, а клубот веќе интензивно се подготвува за новата сезона, одиграни се неколку контролни натпревари, а во следниот период треба да бидат одигра уште неколку контролни.

Росоман од 28 јули ги пушти во продажба полусезонските билети за натпреварите од есенскиот дел на сезона 2021-2022. Најглавна улога на овие билети е преку нив секој да може да му помогне на клубот. Цената на билетот изнесува 500 денари.

Со секој билет добивате можност да ги следите во живо сите предсезонски натпревари и сите натпревари од првата полусезона кои ќе се одиграат на домашен натпревар. Дополнително, со секој билет добивате кафе и сок во „Еригон Кафе“, како и во „Ресторан Александрија“.

Билетот можете да го нарачате во порака на фејсбук страницата на Росоман, како и на телефонскиот број 078 822 728.

Инаку, Росоман во новата сезона влегува со високи амбиции и напад на првото место, а со тоа и експресно враќање во второлигашкото друштво.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!