ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Росоман подобар на контролката против Локомотива Градско

Третолигашите Локомотива Градско и Росоман одиграа пријателски натпревар кој заврши со резултат од 0:2 за екипата на Росоман.

Дарко Иванов од пенал погоди за 0:1, додека пак конечниот резултат го постави Александар Коцев.

Во првото коло од новата сезона која треба да започне на 4. септември (недела), Локомотива ќе гостува кај Превалец, додека пак Росоман ќе гостува кај новиот третолигаш Канатларци.

Во новата сезона од Трета лига – Југ ќе се натпреваруваат 12 екипи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!