ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Росоман ги започна подготовките, Тодоровски останува тренер, клубот добива неколку засилувања

Македонскиот третолигаш Росоман ги започна подготовките за возбудувањата во Третата фудбалска лига – Југ.

>>> ПРОМОЦИЈА НА ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ И КАФУЛИЊА НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА КОТВА.МК <<<

Клубот кој лани се натпреваруваше во Втора лига – Исток ќе биде предводен од досегашниот тренер Горан Тодоровски кој ќе има за задача да обезбеди бараж за кам-бек во Втората лига која од следната сезона ќе биде единствена.

Росоман максимално ќе се подготвува во овие 30-тина дена бидејќи ќе го чека вистинска борба за да ја оствари целта, а клубот веќе има договорено три засилувања кои ќе бидат претставени во следните денови, а веќе тренираат со новиот клуб, дополнително се преговара со уште неколку играчи. Во клубот остануваат речиси сите играчи.

Раководството на клубот има во план да договори неколку контролни натпревари преку кои ќе ја темпира формата, а амбициите на клубот се да обезбедат добри услови за младите играчи, добар фудбал и секако бараж за враќање во Втора лига.

Како што веќе претходно информираше Спортска Мрежа сезоната во Трета лига – Југ ќе стартува на 20. февруари и истата ќе биде одиграна до крајот на мај. Како што е познато ТМФЛ – Југ поради Ковид протоколите не стартуваше во септември минатата година, а стартот беше одложен дури за 20. февруари годинава.

Претходно и Вардар Неготино ги започна подготовките за новата сезона со амбиции за враќање во второлигашкото друштво.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!