ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Росоман ги пушти во продажба сезонските билети – закажан пријателскиот натпревар во чест на Никола Темов – Мускулот

Третолигашот Росоман викендот ќе организира пријателски натпревар во чест на фудбалската легенда Никола Темов – Мускулот. Овој натпревар ќе биде и генералка пред стартот на новата сезона од Третата фудбалска лига – Југ.

>>> КОТВА.МК Е ПЛАТФОРМА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИСТИЧКИ ПОНУДИ ВО МАКЕДОНИЈА <<<

Стартот на сезоната ќе биде утврден на 11. февруари за кога е закажана ждрепката со што ќе биде познат и распоредот на натпревари.

Росоман, кој има за цел експресно да се врати во Втората фудбалска лига, a која од следната сезона ќе биде единствена, преку соопштение побара помош од сите компании и физички лица кои можат да му помогнат на клубот на било каков начин во остварувањето на целите на Росоман.

Клубот, исто така, информираше дека три компании досега дале финансиска помош, а тоа се ресторан „Кај Жика“, ресторан „Александрија“ и ресторан „Крисан – Кај Димче“.

Исто така, Росоман информираше дека сезонските биле по цена од 500 денари веќе се пуштени во продажба, а сите оние кои купија билети во 2021 година ќе може да ги искористат во новата сезона, односно во 2022 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!