РакометРакомет - Суперлига

(ФОТО) РК Радовиш ја има најдобрата форма во плеј-аутот од Супер лигата на последните пет натпревари!

Ракометарите на Радовиш на последните пет натпревари во плеј-аутот од Супер лигата ја имаат најдобрата форма. Радовишани имаат четири победи и само еден пораз од можни 15 бодови имаат освоено 12. Ракометарите на Радовиш постигнале 164 погодоци, а примиле 143 и се наоѓаат на врвот од табелата според формата од последните пет натпревари.

Прилеп исто така има 12 освоени бодови на последните пет натпревари односно има скор од четири победи и еден пораз, но поради полошата гол разлика е на второто место на табелата според формата од последните пет натпревари. Прилепчани имаат скор од 155 постигнати погодоци, а примиле 139.

На дното од табелата според формата од последните пет натпревари е струмички Астраион кој нижи само порази, а овој млад состав има постигнато само 110 погодоци, а примил 173.

Табела од плеј-аутот од Супер лигата според формата од последните ПЕТ натпревари:

Целосна табела од плеј-аутот од Супер лигата:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!