ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Ренова со голема победа над шампионот Шкендија во Тетово, Борец со триумф над Тиквеш

Денес со пет натпревар во 17:00 часот стартуваше 2. коло од Првата македонска фудбалска лига, а најголемо изненадување беше поразот на актулениот шампион Шкендија од Ренова среде Тетово. „Гипсарите“ одиграа одличен натпревар и со 1:2 забележаа прва победа во новата сезона и остануваат на делба на првата позиција. Ренова до победата над Шкендија стигна со погодоците на Јусуфи и Селмани, додека пак за шампионот погоди Дориев.

Струга Трим Лум на домашен терен ја запиша првата победа во новата сезона, откако со минимални 1:0 славеше над битолски Пелистер покрај езерото. Единствен стрелец на погодок беше Скендери.

Шкупи забележа сигурна победа против Македонија Ѓорче Петров на домашен терен со 2:0. Стрелец на првиот погодокот за вицешампионот беше Фаустин Сенгхор, додека вториот гол беше дело на Алварез Родригуез Фреди Антонио.

Борец стигна до прва победа во новата сезона, откако на домашен терен славеше со 2:1 над повратникот Тиквеш. Велешани први стигнаа до водство со гол на Ѓорѓиев во 52. минута, само три минути подоцна кавадарчани со гол на Вареловски се вратија во игра. Истиот играч во 87. минута заработи црвен картон, со што Тиквеш остана со играч помалку на теренот, а тоа Борец мудро го искористи и со гол на Манасиев ги постави конечните 2:1.

Новите прволигаши Скопје и Брегалница на „Железарница“ ремизираа без погодоци.

Колото ќе биде затворено со вечерниот натпревар меѓу Академија Пандев и Работнички кој се игра на „Благој Истатов“ во Струмица, а истиот ќе стартува во 20:00 часот.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!