ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Ренова ја продолжи соработката со Гафури, Садики и Абдулаи

Прволигашот Ренова соопшти дека ја продолжува соработката со уште тројца фудбалери за следната сезона.

Силвер Гафури и Бурим Садики ќе бидат дел од „гипсарите“ и следната сезона, а овие фудбалери се сметаат за легенди на клубот, бидејќи за нив ова ќе биде 14-та сезона во дресот на Ренова.

Клубот од Џепчиште, исто така, ја продолжи соработката и со Џелал Абдулаи кој се обврза на соработка на уште една сезона.

Во следната сезона Ренова ќе ја води досегашниот тренер Ќатип Османи со кого исто така е продолжена соработката.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!