ФудбалФутсал

ФОТО: Реми со ДЕСЕТ гола меѓу Шкендија и Црна Река во Тетово

Вечерва во Тетово беше отворено 14. коло од Првата футсал лига на Македонија меѓу Шкендија и Црна Река кој заврши без победник со резултат 5:5.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ <<<

Првиот дел комплетно и припадна на Шкендија која на полувреме имаше водство од убедливи 4:1, но тоа се покажа како недоволно за триумф и три бодови. Агон Хашими по само пет минути игра ја донесе Шкендија во водство од 2:0. Единс Муртазани погоди за 3:0 во 16. минута, а една минута подоцна Тони Гацев си постигна автогол. Пред самиот крај на првото полувреме капитенот Лазар Мицев постигна погодок за 4:1 на полувреме.

Вториот дел пак комплетно му припадна на гостинската екипа од Кавадарци. Преку Дарко Темелков и Ванче Шиков екипата на Црна Река намали на 4:3. Муртезани со втор гол зголеми на 5:3, а до крајот на натпреварот Миле Димов и Тони Гацев ги поставија конечните 5:5.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!