
Без победник (1:1) заврши дербито на колото меѓу лидерот Кеги Моби и второпласираната Форца во рамки на 8. коло на Втората футсал лига на Македонија.
Дуелот беше многу важен и за двете екипи во борбата за Првото место на табелата, а ваквиот резултат најмногу му одговара на штипски Мал Ајакс, кој доколку триумфира во градското дерби против Астибо ќе избие на врвот од табелата со 20 бодови.

Вечерва во „Гемиџии“ прв до водство дојде Кеги Моби кој со погодокот на Димче Ѓуров уште во 8. минута дојде до водство. До крајот на првиот дел мрежите мируваа. Во вториот дел гостите преку капитенот Ергин Шерифи во 33. минута го израмнија резултатот на 1:1.

До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, па истиот стана конечен.
