ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - Македонска репрезентацијаФудбал - ПРВА ЛИГА
ФОТО: Редовен семинар за делегати на Прва МФЛ и Втора МФЛ

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, денеска во хотел „Хилтон”, во Скопје го одржа редовниот семинар со делегатите на натпреварите од Првата МФЛ и Втората МФЛ.

На редовен работен состанок со делегатите, главни тема беа безбедноста, заштита на интегритетот на натпреварувањето, како и промената на одредени точки во Пропозициите на натпреварите во Прва и Втора МФЛ.

Исто така на состанокот беше одржано предавање од страна на одделот за безбедност и интегритет на ФФМ на тема „Борба против местење на фудбалски натпревари”. Делегатите беа запознаени со начинот на кој треба да го штитат интегритетот на фудбалската игра на територијата на државата.
