Европски ФудбалФудбал
ФОТО: Реал го продолжи договорот со Начо

Начо Фернандез потпиша нов договор со Реал Мадрид. Дефанзивецот, кој целата своја кариера ја помина во „кралскиот клуб“, одигра одлично во вториот дел од сезоната и заслужи продолжување на соработката.
Иако за неговата судбина се зборуваше пред само неколку месеци, многумина го видоа надвор од Реал, тој сега ја продолжи соработката за уште две години.
Во Мадрид сега чекаат на исходот од ситуацијата со Варан, кој е поблизу до заминување бидејќи тој самиот изрази желба да ја смени средината.