ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
ФОТО: Распоред на натпревари за Прва лига – сезона 2022-2023

Во „Куќа на фудбалот“ со извлекување беа одредени паровите од распоредот за новата сезона 2022/23 во ПРВА МФЛ.
Првото коло ќе се одигра на 6. и 7. август. Актуалниот шампион Шкупи во воведното коло гостува во Кавадарци против Тиквеш. Шкендија на домашен терен ќе го пречека тимот на Скопје, додека пак Академија Пандев ќе игра со Брегалница. Силекс во Кратово ќе го пречека Работнички. Куп победникот Македонија Ѓ.П. ќе се соочи со Ренова.
Прво коло, ПРВА МФЛ:
Шкендија – Скопје
Силекс – Работнички
Академија Пандев – Брегалница
Струга Трим Љум – Победа
Тиквеш – Шкупи
Македонија Ѓ.П. – Ренова
Во продолжение, распоредот на ПРВА МФЛ до 22. коло според „Бергер“ систем, додека по одигрување на 22. коло се игра според словенечки систем.



