ФОТО: Работнички минимално го доби Тиквеш, трите бодови ги обезбеди Максимов

Работнички со минимален триумф од 1:0 го доби Тиквеш во воведниот меч од 27. коло од Првата македонска фудбалска лига.
ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Единствениот погодок на мечот го постигна Методи Максимов во 29. минута од мечот. Кавадарчани може да жалат за ваквиот резултат со оглед на тоа што имаа неколку стопроцентни шанси кои не ги реализираа, а една од нив беше онаа во првиот дел при 0:0 на Нгоба кој од пет метра удари директен шут кон протовничкиот гол, но искусниот Бурхан Мустафа беше на вистината на задача.

Работнички и понатаму е на седмото место, но има ист број на бодови како и Брегалница и Ренова, кој се на шестото односно петото место на табелата. Тиквеш останува на десетото место на табелата со 24 бодови.