ФОТО: Работнички конечно победи, Струга ја „згази“ и Шкендија, Брегалница до три бода, Шкупи со сигурен триумф

Денес беше комплетирано 4. коло од Првата македонска фудбалска лига, кое донесе интересни и возбудливи натпревари.
Брегалница со минимални 1:0 славеше над Македонија Ѓорче Петров со што трите бодови останаа во „жешкиот“ Штип. Стрелец на единствениот погодок за „сините“ беше Марјан Алтипармаковски постигнат во 55. минута.
Работнички по три порази конечно се разбуди и на теренот на ФФМ со 2:0 славеше над Тиквеш. Триумфот беше обезбеден уште во првиот дел од мечот. Резултатот го отвори Анес Рушевиќ во 20. минута од мечот, а конечните 2:0 ги постави Гандо Биала Аиме Марцелин во 44. минута од натпреварот.
Струга Трим Љум во новата сезона „гази“ се пред себе и гледа кон историски трофеј во Првата македонска фудбалска лига. Стружани денес го добија и дербито со Шкендија кое се играше во Струмица, каде Струга со 0:2 беше подобар противник. Дербито беше решено во вториот дел, а резултатот го отвори Христијан Малески во 50. минута од натпреварот.

Бесарт Ибраими стрелаше против „својата“ Шкендија во 70. минута и го постави конечниот резулатт (0:2). Стружани уште еднаш покажаа дека не се шегуваат и целат кон освојување на првиот трофеј во ПМФЛ.
ПРОМОЦИЈА НА ТУРНИРИ ВО МАЛ ФУДБАЛ – 074 241 247
Шкупи лесно се спратив со Скопје на „Железарница“ каде славеше со 0:2. Резултатот го отвори Валид Хамиди уште во 5. минута од мечот, а конечниот резултат го постави Данфа Мамадоу во 89. минута.
Вчера, во воведниот меч кој се одигра во Кратово, Силекс и Академија Пандев одиграа 1:1. Извештајот од овој меч можете да го прочитате ОВДЕ.