ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Првата недела од подготовките Победа ја заврши со меѓусебен натпревар

Фудбалерите на Победа претпладнево со меѓусебен меч ја завршија првата работна недела од зимските подготовки. На теренот со вештачка трева беше одигран меч меѓу „црвената“ и „плавата“ екипа во која победија црвените со 2:0 со головите на Карчески и Јошески.

Утре играчите добија слободен ден, а од понеделник подготовките продолжуваат со по два тренинзи дневно.

Победа е есенски првак во Втората лига – Исток и важи за главен кандидат за конечно враќање во фудбалската елита на Македонија.

>>> ПЛАТФОРМА ЗА ТУРИЗАМ КОТВА.МК – РЕЗЕРВИРАЈТЕ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!