ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
ФОТО: Прв тренинг на Брегалница во Анталија: Денес и првиот тест-дуел против Кубан Краснодар

Фудбалерите на Брегалница, под водство на новиот шеф на стручен штаб Илчо Ѓорѓиоски, вчера го одработија првиот тренинг по пристигнувањето во Анталија.
>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<
Позитивна енергија, насмевки но максимално работна атмосфера во синиот табор кој во Анталија ќе остане до 30. јануари, а во кој период ќе одигра и пет пријателски натпревари.

Првиот тест дуел веќе денес против рускиот Кубан Краснодар со почеток од 15 часот по македонско време. Вториот веќе договорен тест е против азербејџанскиот прволигаш Зира на 24. јануари, а третиот против казахстанскиот Аксу на 27. јануари.