ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Проект пресилен за Железарец, Арбен Бајрами славеше против Шкендија во меч со 18 гола!

Шампионот Проект вечерва како домаќин наместо во Спортската сала „Филип Втори“ во Валандово играше во Спортската сала „26 Април“ во Гевгелија и со убедливи 7:3 го декласираше Железарец.

Причината поради преселбата на Проект во гевгелиската спортска сала беше претекувањето на покривот во спортската сала во Валандово поради константните врнежи во текот на денешниот ден.

Но, ниту ова не беше проблем, шампионот Проект да го „распадна“ Железарец.

Мартин Тодоровски стигна до хет-трик, а по еден гол постигнаа Иван Крстевски, капитент Дарко Ранготов, Мартин Мехмединовиќ и Димче Андов. За гостинската екипа стрелаа Филип Лекиќ, МИрко Богески и Петре Даиловски.

На Чаир паднаа дури 18 погодоци, а Арбен Бајрами со 10:8 триумфираше над Шкендија и го освои целиот „плен“. Пајтим Реџепи постигна хет-трик, а Берат Рамадани и Јусуф Сулејмани беа двојни стрелци, во листата на стрелци за Арбен Бајрами се запишаа и капитенот Ерол Далип, Џељал Мјаку и Стефан Димовски.

Кај гостите од Тетово Агон Хашими постигна дури четири погодоци кои не беа доволни за триумф, а хет-трик постигна Единс МУртезани, стрелец на еден погодок беше капитенот Мертион Халили.

Колото ќе биде комплетирано утре.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!