ФудбалФутсал

ФОТО: Проект му даде ДЕСЕТ гола на Карадаку, Енхалон го доби Арбен Бајрами, Железарец ја тресна Шкендија

Шампионот Проект со 10:3 славеше убедлива победа на Карадаку во рамки на 15. коло од Првата футсал лига на Македонија.

Димитар Јанев постигна дури четири погодоци, а хет-три забележа Дарко Ранготов, по еден гол постигнаа Мартин Мехмединовиќ, Драган Петровиќ и Алекснадар Михајлов. Трите погодоци за Карадаку беа дело на Ибраим Далипи.

Енхалон дојде до три многу важни бодови кога е во прашање опстанокот во прволигашкото друштво. Стружани на домашен терен со 5:4 го добија Арбен Бајрами.

Двојни стрелци за Енхалон беа Абил Шаќири и Мишо Ѓорѓиески, а еден гол постигна Митко Дишлиески. За гостите од Скопје Агим Рамадани постигна два погодоци, а по еден гол постигнаа Арбен Асани и Ибраим Беќир.

ФОТО: Спортска Мрежа | Екипата на Железарец

Железарец со убедливи 8:1 ја декласираше Шкендија и дојде до осмо сезонско славје во рамки на 15. коло. Екипата на Железарец го искористи киксот на Арбен Бајрами во Струга и сега се приближи на два бодови во однос на третото место на табелата. Шкендија го забележа деветтиот сезонски пораз и останува во опасната зона за испаѓање во Втората лига.

ФОТО: Спортска Мрежа | Екипата на Шкендија

Златко Јошевски постигна хет-трик за Железарец, а Петре Даиловски беше двое стрелец, по еден погодок за домашната екипа постигнаа и Драган Брњарчевски, Дејан Кајсторовски и Стефан Димовски. За гостите од Тетово единствениот погодок го постигна Едис Муртазани.

ФОТО: Спортска Мрежа | судиска двојка: Музафер Исмаили и Марјан Младеновски

Погледнете ја целата табела од Првата македонска футсал лига по 15. одиграни кола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!