ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Проект и Железарец без милост за противниците, Јувентус Серава го доби Арбен Бајрами

Вечерва бше комплетирано 11. коло од Првата футсал лига на Македонија со три натпревари.

Шампионот Проект ја распадна екипата на Велес со убедливи 11:0. Гостите во Валандов допатуваа преполовени со само шест играчи, па сосема очекувано беше дека Велес ќе нема сили воопшто да му парира на апсолутниот фаворит Проект.

Андов Димче дури четири пати ја стресе противничката мрежа, а двоен стрелец беше и Драган Петровиќ, по еден гол постигнаа Александар Михајлов, Мирче Стојанов, Иван Крстевски, капитенот Дарко Ранготов и Мартин Тодоровски.

Проект – Велес

Железарец во Автокоманда беше убедлив против Енхалон со 13:1. Убедливиот триумф беше најавен уште во првиот дел од натпреварот кога резултатот на семафорот беше 8:1.

За домашните најрасположен за погодоци беше Петре Даиловски кој постигна четири гола, а двојни стрелци беа Ненад Стојкоски и Никола Миленкоски, додека пак по еден гол постигнаа капитенот Филип Лекиќ, Мирко Богески, Дејан Кајсторовски, Драган Брњарчевски и Јасмин Пепиќ. Стрелец за единствениот гол за гостинската екипа беше Ерол Приштина.

Музафер Исмаили и Игор Иванов, судиска двојка на мечот Јувентус Серава – Арбен Бајрами за Спортска Мрежа

Дуелот на Чаир му припадна на Јувентус Серава кој со 7:6 беше подобар во пресметката со Арбен Бајрами.

Првиот дел од мечот заврши со предност од два гола за домашната екипа (4:2). Хамза Рамадани стигна до хет-трик за Јувентус Серва, а пак Омер Османи беше двоен стрелец, капитенот Осман Мустафа и Беркан Алчевски постигнаа по еден гол. Кај гостинската екипа Берат Рамадани постигна три погодоци, а по еден постигнаа Ибраим Беќир, капитенот Ерол Далип и Харис Омеровиќ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!