ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Преспа со „петарда“ ја „закова“ Стрела Спорт на дното, Лирија во Враништа славеше над Македонија

Денес беше комплетирано последното есенско коло од Третата фудбалска лига – Југозапад. Лирија забележа голем триумф на тешкиот терен во Враништа каде со 1:2 триумфираше над Македонија.

Резултатот го отвори Методија Милевски во 26. минута од мечот, а на пет минути пред крајот Тони Настевски погоди за 1:1 на полувреме. Во вториот дел неизвесноста за трите бодови траеше до самиот финиш, а кога сите мислеа дека „пленот“ ќе биде поделен, Христијан Наумовски ја стресе мрежата на Јанчески во 90. минута за 1:2 и големи три бода во Враништа.

Македонија Враништа – Лирија

Преспа ја „распадна“ Стрела Спорт со убедливи 5:1 и есенската полусезона ја затвори со триумф. Гостинската екипа немаше сили ниту на момент да го запре налетот на домаќинот, кој беше доминантен во текот на целиот натпревар, а победникот беше решен уште во првиот дел од мечот кој заврши со високи 4:1.

Резултатот го отвори капитенот на ресенчани Нико Ппластиновски за 1:0 уште во 13. минута. Во 26. минута од мечот Спироски подели три црвени картони, поради насилничко однесување од игра беше исклучен фудбалерот на Преспа Аднан Агушевски, а пак кај гостите од игра беа исклучени капитенот Сашо Талевски и Мики Талевски. Гостите иако со два играчи помалку преку Хакан Алимовски во 30. минута израмнија на 1:1, а тоа како да ги налути домаќините кои до крајот на првиот дел ја искинаа мрежата на противникот.

Христијан Каралиоски во 38. минута донесе второ водство за Преспа, а пак Пластиновски со втор гол донесе сигурни 3:1. Во финишот на првиот дел Филип Митревски стрелаше за убедливи 4:1 на полувреме.

На стартот од вториот дел гостинскиот голман Јакопетревски по петти пат капитулираше, откако Митревски со втор гол ги постави конечните 5:1.

ТМФЛ Југозапад – Табела 2021/2022

ПозКлубОНПобНПорПОСПРИГРБОД
11211104510+3534
2128223918+2126
3127142624+222
4125612914+1521
5126332820+821
6125433121+1019
7124443129+216
8125072626015
9123361529-1412
10123272225-311
11122462134-1310
121220101352-396
13121291034-245

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!