ФОТО: Преку пенали до полуфинале Силекс, Струга и Македонија ЃП

Пенал рулетот ги одлучи полуфиналистите на трите меча, откако во регуларните 90 минути немаше победник. Во Тетово и Ѓорче мрежите мируваа, а во Кратово паднаа два погодоци.

Првиот дел од средбата во Кратово меѓу Силекс и Брегалница заврши со мирни мрежи. На стартот од второто полувреме Брегалница дојде до водство со голот на Милан Џокиќ кој погоди во 47. минута од мечот. Девет минути подоцна кратовци го израмнија резултатот на 1:1 со гол на Антонио Каланоски. Пенал рулетот одлули актуелниот Куп шампион да патува во полуфиналната фаза откако ја доби Брегалница со 5:3.
Во пенал рулетот за Силекс успешно реализираа Бурхан Алији, Лазар Пеев, Благоја Спиркоски, Антонио Каланоски и Роберт Митев, а не реализираше Стојан Стојчевски. За Брегалница погодија Андреј Кудијан, Михаил Маневски и Никола Ескиќ, а промашија Антонио Азиновиќ и Марјан Алтипармаковски.

Струга Трим Лум ја исфрли Шкендија од Купот на Македонија по 3:4 на пенали, па тимот на Срѓан Захариевски обезбеди полуфинална фаза.
За Шкендија успешно реализираа Кривак Јан, Меџит Незири и Бруно Дита, а Синдрит Гури и Ваљмир Нафиу промашија. Кај Струга Фламур Таири, Дејан Светаноски, Иван Галевски и Клинсман Цаке постигнаа погодоци, а Валентин Кочоски не успеа да погоди.

Македонија Ѓоче Петров патува во полуфналето од Купот на Македонија, откако на пенали (4:1) го елиминираше актуелниот лидер во Првата лига, екипата на Шкупи.
За „лавовите“ успешно реализираа Ермедин Адем, Есмин Личина, Љавдрим Фазлију и Родригез де Араујо Фернандо Аугусто. Кај Шкупи Марјан Радески и Алварез Родригуез Фреди Антонио беа трагичари, а успешно реализираше само Константин Чешмеџиев.

