ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
ФОТО: Последен тренинг на Вардар Неготино со нова опрема пред утрешниот бараж за Втора лига

Вардар Неготино утре го игра најважниот меч, баражот против Караорман од Струга за влез во Втората македонска фудбалска лига.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Неготинци денес со нова спортска опрема од „Revolution Development“ го одработија последниот тренинг пред утрешните клучни 90 минути до пласман во второлигашкото друштво.

„Винари“ и неготинци се мобилизирани за утрешниот меч, а од друга страна и „паткари“ и стружани најавуваат окупација на Маџари каде на стадионот „Борис Трајковски“ ќе се игра бараж дуелот мешу Вардар Неготино и Караорман.

Дуелот ќе стартува во 17:00 часот, а правдата ќе ја дели Димитар Пилешков од Штип.
Текстот го овозможи Revolution Development