ЕУРО 2020Фудбал

ФОТО: Полскиот голман Шчесни фатен додека пушеше цигара пред мечот со Шпанија

Пушењето цигари беше вообичаено кај многу играчи до 90-тите години на минатиот век, но во последно време малкумина активни пушачи се познати меѓу најголемите светски sвезди. Сепак, британски „Сан“ го фати полскиот голман Војчех Шчесни со цигара во уста и кутија во раката пред натпреварот против Шпанија.

Тој беше снимен како го напушта репрезентативниот хотел пред мечот Шпанија – Полска (1:1), во кој Полјаците успеаја да освојат вреден бод, а искусниот голман обезбеди многу добра игра.

Шчесни беше со своите соиграчи, кои веројатно не беа изненадени од неговиот гест, бидејќи 31-годишниот голман на Јувентус веќе беше фатен како пуши најмалку двапати за време на престојот во Арсенал, клубот во кој мина шест сезони.

Тогашниот менаџер на „топџиите“, Арсен Венгер, го казни со околу 25.000 евра за пушење цигара во тушевите во соблекувалните, веднаш по поразот од Саутемптон во 2015 година.

Тоа, патем, го чинеше на крајот да го напушти Арсенал, кој најпрво го позајми во Рома на две години, а потоа го продаде во Јувентус во 2017 година за 12 милиони евра.

Иако во текот на сите тие години, се чини дека тој не ги остави цигари, тоа не го спречи да биде многу конзистентен и сигурен и да ја зацементира позицијата прв голман на „старата дама“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!