ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Победа со сигурна победа на тестот против Црно Буки

Попладнево на доста добриот терен во битолското населено место Црно Буки фудбалерите на Победа во контролен натпревар го совладаа истоимениот домашен третолигаш со 3-0, полувреме 2-0. Тренерот Крстески на овој меч им даде шанса на сите расположиви фудбалери со исклучок на Кукески (посериозна повреда на коленото) и Дунимаглоски (полесна повреда).

Во двете полувремиња настапија различни состави, а единствен кој одигра 90 минути беше Стомнароски. Разликата во квалитетот беше евидентна па покрај трите гола прилепчани пропуштија барем 6-7 изгледни шанси, а голманите Столевски и Котевски имаа по 1-2 сериозни одбрани.

Стрелци на головите беа:

За 0-1 Бојан Спиркоски во 6-тата минута со шут од 16 метри по асистенција на Најдов
за 0-2 Андреј Петкоски во 16-тата минута со глава по центаршут на Даниел Карчески
и за 0-3 Филип Спиркоски по соло акција и прецизен шут од 12-13 метри.

Победа 1 полувреме: Столевски, Дигаловски Стомнароски, Петкоски, Кисески-Илијоски, Карчески, Момироски, Ангелески, Јошески, Најдов и Б.Спиркоски.

Победа 2 полувреме: Котевски, С.Спиркоски, Дебрешлиоски, Поп-Антоски, Митрески, Бошески, Јосифоски, Стомнароски, Неделков, Ф. Спиркоски и Алимоски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!