ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Победа со „петарда“ за Братство, Осогово ја шокираше Беласица среде Струмица, Детонит ја доби Локомотива

Во Прилеп „петарда“ за „фенерџијата“ Братство од Победа која со 5:0 ја запиша својата петта сезонска победа. Победа дојде до водство со двата погодоци на Петар Најдов во 14. и 29. минута, додека пак пред крајот на првиот дел Бојан Спиркоски ја погоди противничката мрежа за 3:0 на полувреме. Во вториот дел Кирил Неделков зголеми на 4:0, а Давид Јошески ги постави конечните 5:0.

Каменица Саса останува непоразен лидер откако денес на гостување кај Кожуф ремизираше без голови (0:0) на Градскиот стадион во Гевгелија.

Детонит дојде до најважниот триумф во сезоната кога е во прашање сигурниот опстанок во Втората лига, откако радовишани на домашен терен со 2:1 славеа над Локомотива од Градско. Резултат беше отворен во 24. минута со гол на Никола Ѕурѕу. Во вториот дел Мартин Ристов погоди за 2:0, а Борче Димовски ги постави конечните 2:1.

Слога со гол во финишот дојде до голем триумф над Кит Го во Пехчево. Гостите од Виница со гол на Бојан Иванов во 52. минута дојдоа до водство од 0:1, а само три минути подоцна капитенте Бошко Ступиќ погоди за 1:1. Во судиското надополнување капитенот Иван Митров му приреди шок за Кит Го откако ја стресе противничката мрежа за конечните 1:2 и големи три бодови од тешкото гостување во Пехчево.

Беласица – Осогово

Осогово со 0:2 ја шокираше Беласица среде Струмица за многу важен триумф и прогрес кон средишниот дел од табелата. Јасин Муше во 15. минута донесе водство за „жетварите“, а Аделин Ќазимов погоди за конечни 0:2 во 77. минута.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ИСТОК:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!