ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Победа ремизираше без погодоци на првата контролка

Попладнево по ветровито време и на лошиот терен на Дојранско езеро фудбалерите на Победа го одиграа првиот тест натпревар во зимскиот подготвителен период. Противник на прилепскиот состав беше екипа составена од странски фудбалери кои се без ангажман и во потрага по клуб каде би ја продолжиле кариерата.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<

Мечот заврши без голови 0-0. Тренерот Капинковски им дада ешанса на 21 играч и 2 голмани, а не настапија: Карчески, Тофилоски, Ј. Наумоски, Истатов, Кукески и Ф. Спиркоски. Прилепчани беа многу подобар тим, но нереализираните 3-4 шанси во првиот и 2 во вториот дел се причина поради која противничката мрежа остана незатресена.

Наредниот втор котролен меч Победа ќе го игра во четврток на 27. јануари од 14 часот протиув Кожуф на стадионот во Гевгелија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!