ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Победа од денес со двојна тренинг сесија, Тофилоски се приклучи кон екипата

По вчерашната прозивка фудбалерите на Победа од денес го започнаа најтешкио, но воедно и најзначаен базичен дел од подготовките кој е од клучно значење за што подобра подготвеност на играчите за пролетните искушенија.

Екипата, според планот, денес имаше два тренинзи-претпладневен во салата на ДТВ Партизан и попладневен на тренот на Могилата.

На денешните тренинзи се приклучи и голманот Дарко Тофилоски, додека Јорданчо Наумоски, кој со терапија се опоравува од повредата, со тренинзи ќе започне од понеделник.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!