ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Победа ја заврши првата фаза од подготовките во Прилеп, екипата се сели во Дојран

Фудбалерите на Победа претпладнево со меѓусебен меч ја завршија првата фаза од зимските подготовки за пролетниот дел од шампионатот на Втората лига – Исток.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<

„Црвено-белите“ поделени во две екипи на теренот со вештачка трева одиграа меѓусебен меч кој заврши без победник 1-1. Стрелец на голот за „црвената“ екипа беше Марио Наумоски додека за „плавите“ со ефектен лоб погоди Антониот Бошески.

Фудбалерите, кои во меѓувреме ги завршија лекарските прегледи, утре добија слободен ден а од понеделник експедицијата на Победа втората фаза со 10-дневни подготовки продолжува во Стар Дојран.

За време на подготовките во овој наш туристички центар ќе бидат одиграни контролни натпревари со Кожуф (27. јануари) и Беласица (2. февруари), а закажани се и два тест натпревари на 25-тти и 30-тти јануари со селекција на фудбалери кои бараат меѓународен ангажман.

>>> ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО ЗА ОДМОР – РЕЗЕРВИРАЈ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<

По враќањето во Прилеп се закажани контролни средби со Тиквеш (6. февруари) и генералката со Воска Спорт (12. февруари).

Пролетниот дел на Втората лига – Исток со 16-тото коло продолжува на 19. февруари со гостување на Братство на Могила, во 17-тото коло на 26. февруари гостување на Детонит во Радовиш, а за крај на вториот круг во 18-тото коло е дуелот со Беласица во Прилеп на 5. март.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!