ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Победа го уништи Осогово со ШЕСТ гола, Саса ја доби Беласица среде Струмица

Прилепска Победа со 6:0 го прегази Осогово на „Гоце Делчев“ и ја забележа најубедливата победа во второлигашкото друштво на Истокот. Гостите од Кочани по 45 минути доживеа дебакл.

По само осум минути игра Победа дојде до водство од 3:0 со головите на Бојан Спиркоски, Антонио Бошески и Петар Најдов. Во 29. минута Бошески со втор гол зголеми на 4:0 на полувреме. Во вториот дел Спиркоски постигна втор гол за 5:0, а Давид Јошески погоди за кочени 6:0.

Дуелот во Пехчево меѓу Кит Го и Кожуф заврши со триумф за домашните со гол на Бобан Ангелов. Во Градско големото дерби меѓу Локомотива и Братство заврши со минимален триумф од 1:0 за домашните со гол на Даци Бесмир во 90. минута.

Каменица Саса со минимални 0:1 го доби дербито во Струмица против Беласица, а стрелец на единствениот гол беше Дарко Алексовски.

Слога го претрпе првиот пораз во новата сезона, откако на гостување во Радовиш загуби од Детонит, кој со 2:1 го забележа првиот сезонски трумф. Слога прва дојде до водство со гол на Иван Митров, а домашните го израмнија резултатот со гол од пенал, успешно реализираше Ѓоксен Лиманов, додека пак Горан Стојанов постигна гол во финишот за голем триумф на радовишкиот второлигаш.

ТАБЕЛА ВТОРА ЛИГА – ИСТОК:

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!