ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: Победа ги претстави осумте засилувања

По завршувањето на контролниот меч со Воска Спорт во клупските простории на ФК Победа беа претставени осумте засилувања ангажирани за пролетниот дел на првенството.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШАТА ВИЛА <<<

„Црвено-белиот“ дрес повторно го задолжија голманот Дарко Тофилоски, кој доаѓа од Тиквеш, заедно со задниот везен Јорданчо Наумоски. Во Победа се вратија и младите- напаѓачот Филип Димоски од Саса (роден 1999-та), играчот од средниот ред Марио Наумоски од Брегалница и штоперот Борче Сркески (родени 2000-та).

Искусниот штоперот Оливер Христов доаѓа од Пехчево (Кит Го), најмлад е страничниот напаѓач Атдхе Мазари (21 год) кој доаѓа од Охрид, а за место во нападот ќе се бори и Благој Истатов, кој доаѓа од Воска Спорт.

Во матичниот клуб од 6-месечната позајмица на Братство се вратија и Христијан Поп-Антоски и Давид Дебрешлиоски, кои покрај настапите во кадетскло-младинската Супер лига ќе конкурираат и за сениорскиот тим.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!