РакометРакомет - Суперлига

ФОТО: По пет победи во низа Бутел падна во Кавадарци – три златни бодови за Тиквеш!

Тиквеш забележа голем триумф над Бутел Скопје со 29:25 во меч кој беше од голема важност за избраниците на Горан Андоновски во борбата за плеј-оф во ракометната Суперлига на Македонија.

Бутел Скопје не знаеше за пораз на последните пет натпревари на кои имаше пет победи, но во Кавадарци беше запрен од страна на Тиквеш во празната „Јасмин“ бидејќи кавадарешкиот прволигаш мораше да игра без публика поради касната за инцидентите на мечот со Охрид.

Но, и без публиката и без верните „Лозари“ Тиквеш ги грабна три важни бодови на патот кон остварување на целта – место меѓу најдобарите шест.

По пет погодоци за Тиквеш постигнаа Јане Јанчев, Страхиња Симиќ и Никола Стефановиќ, додека пак кај гостите од Скопје Златко Мојсоски и Марко Митев постигнаа исто така по пет погодоци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!