ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: По осум сезони во дресот на Ренова, стоперот Мишковски си заминува

Ренова на социјалните мрежите објави дека Ненад Мишковски повеќе не е дел од клубот од Џепчиште.

Искусниот дефанзицев настапуваше во дресот на Ренова осум сезони, но по взаемен договор Мишковски кариерата ќе ја продолжи во нова средина.

„Благодарни сме на Ненад Мишковски за целото време поминато во нашиот клуб, неговите заложби и цели беа голема помош за нашиот клуб. Сите во семејството Ренова, како што се фудбалерите, вработените, тренерите и раководството ќе го има на ум како класа фудбалер, човек со култура и елеганција кој ќе биде пример и за идните генерации“, велат од Ренова.

Мишковски во 2013 година од Шкендија пристигна во Ренова, а во својата кариера има настапувано и за Тетекс и Металург. Во дресот на Ренова 34-годишникот одигра 245 натпревари, постигна 12 погодоци и запиша пет асистенции.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!