ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ФОТО: По 39 години, историјата се повтори, Караорман преку Вардар Неготино за пласман во Втора лига и тоа пак преку пенали

Караорман вчера во баражот триумфираше над Вардар од Неготино и обезбеди второлигашки статус, откако во пенал рулетот стружани беа подобри во изведувањето на пенали (4:5).

По 39 години историјата се повторни, Караорман повторно преку Вардар Неготино и тоа преку пенали се врати во Втората лига. Во далечната 1983 година во баражот за влез тогаш во Првата македонска фудбалска лига, Караорман беше подобар во изведувањето на пенали (3:5) и обезбеди прволигашки статус. Голманот Мерко Демирали одбрани 2 пенали и тоа се покажа како клучно за конечниот резултат и за голема радост на стружани. Тогаш резултат во регуларните 90 минути беше 2:2.

Вчера, овие две екипи играа бараж за влез овој пат во Втората македонска фудбалска лига. По конечните 0:0 во регуларниот дел, во пенал рулетот стружани беа подобри од неготинци со 4:5 и со тоа обезбедија пласман во Втората македонска фудбалска лига. Голманот на Караорман, Валдрин Рочи одбрани 3 пенали и тоа беше клучно за ваквиот резултат и големата радост на стружани.

  • Записниците од натпреварите одиграни во 1983 година и 2022 година:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!