ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ФОТО: Питу Гули се „сопна“, Вардар Неготино и Росоман впишаа високи победи

Текстот го спонзорираше Revolution Development

Бучин доживеа вистинска катастрофа во рамки на 4. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако на домашен терен беше декласиран од Росоман со убедливи 0:6. За гостинската екипа двоен стрелец беше Марко Миловановиќ, а пак по еден гол постигнаа Слободан Диуков, Бранко Стошиќ, Кристијан Јованов и Стеван Менковиќ за голема радост на екипата на Росоман која дома си оди со три бода.

Питу Гули се „сопна“ кај Слога, откако одигра 1:1 и мораше да се задоволи само со бод. Домашниот тим прв дојде до водство со голот на Самир Каришиќ постигнат во 52. минута од мечот, со што гостите од Крушево до крајот на мечот бркаа брзо израмнување. Во 61. минута Коста Степаноски успеа да го израмни резултатот на 1:1, а до крајот на мечот резултатот не се промени.

Мечот во Градско помеѓу Локомотива и Обршани не се одигра, откако гостинската екипа не се појави на теренот со што ланскиот второлигаш службено го доби мечот со 3:0.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Вардар Неготино продолжува да кине мрежи и ита кон нов бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига. Денес во Неготино убедливо беше поразен Канатларци, кој дома си оди со пораз од високи 6:0. Петар Ристовски беше херојот за домашниот тим кој постигна пет погодоци, а шестиот гол беше дело на Кирил Неделков.

Големо Коњари забележа нов висок триумф откако на домашен терен со 4:1 го декласираше Младост од Кривогаштани. Погодоците за домашниот тим ги постигнаа Илчо Митрески, Мустафа Селманоски, Борче Макешоски и Дарио Наумовски. За гостинската екипа единствен стрелец беше Душко Аврамоски.

Марена на домашен терен беше поразена од Превалец во меч на кој паднаа осум погодоци (3:5). За домашната екипа стрелци беа Александар Велјанов и Јован камчев, а пак Бране Петровски си постигна автогол, додека пак за гостите двоен стрелец беше Ангел Гаштев, а по еден гол постигнаа Александар Пановски, Маријан Здравевски и Кристијан Маневски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!