ФудбалФутсал

ФОТО: „Петарда“ од шампионот Шкупи за Енхалон, Форца со деби од соништата во Прва лига

Вчера беше комплетирано првото коло од новата сезона во Првата футсал лига на Македонија.

Актуелниот шампион Шкупи со убедливи 0:5 го декласираше составот на Енхалон на гостински терен во Струга. Сосема очекува беше дека Шкупи ќе ја оправда фаворитската улога и лесно ќе ги прокнижи трите бодови на стартот од новата сезона.

Без потешкотии уште во првиот дел на мечот одигран во „Тими“ паднаа петте погодоци. Сали Салиевски стрелаше за 0:1, двоен стрелец беше Исмет Цека, а по еден гол постигнаа Артан Јунузи и Мувехид Бајрами.

Деби од соништата во Првата футсал лига за екипата на Форца која лани како шампион во Втора лига обезбеди директен влез во елитата на Македонија.

Форца на домашен терен со убедливи 5:2 го декласираше составот на Јувентус Серава и се израдува на големиот триумф на стартот од новата сезона.

Биљали Хасан и Бесим Мустафи беа двојни стрелци за домашниот состав, а со еден погодок во листата на стрелци се впиша и капитенот Ергин Шерифи.

Во рамки на 1. коло екипата на Кеги Моби која е повратник во елитата загуби на домашен терен од Железарец со 5:6, Црна Река славеше над Карадаку, додека пак Арбен Бајрами со 4:2 го доби дуелот со големиот ривал Проект.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!