ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ФОТО: Пепи Ѓоргиев постигна хет-трик, „петарда“ за Скопје, Тиквеш ги израдува верните „Лозари“

Академија Пандев денес одигра одличен натпревар со тотална доминација на теренот во Струмица и сосема заслужено триумфираа со убедливи 5:0. Новото засилување Пепи Ѓоргиев е полн погодок за „пандевци“ уште во првото полувреме постигна хет-трик.

На стартот од вториот дел струмичани имаат уште неколку клучни шанси и може да жалат зошто не ги реализираа бидејќи резултатот ќе беше многу поубедлив. Виктор Ангелов беше стрелец на четвртиот погодок на „пандевци“, а петиот гол беше дело на Кристијан Велиновски со што „пиратите“ од Автокоманда добија „петарда“ на „Благој Истатов“.

Трите бодови остануваат во Струмица, а овој убедлив триумф ќе биде силен мотив за Академија Пандев која во следното коло ќе гостува во Тетово кај актуелниот шампион Шкендија во битката за второто место и нападот на врвот.

Македонија Ѓорче Петров забележа минимален триумф на тешкото гостување во Тетово каде со 0:1 беше подобра од Ренова. Стрелец на единствениот погодок за „лавовите“ беше Арби Воша уште во 2. минута од средбата.

Струга Трим Лум и Брегалница го поделија „пленот“ откако одиграа 1:1 покрај езерото. Штипјани преку Мартин Стојанов први дојдоа до водство од 0:1, а стружани преку Немања Босанчиќ дојдоа до конечни 1:1 и бод.

Шкупи минимално ја доби скопската пресметка со Работнички (0:1), а стрелец беше Марјан Радески во 67. минута.

Тиквеш конечно ги израдува „Лозари“ откако на домашниот терен во Кавадарци со гол во финишот го доби Пелистер (1:0) и направи чекор напред кога е во прашање директниот опстанок во елитата. Единствениот погодок беше дело на Благоја Љамчевски.

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!